Sunday, September 26, 2010

Пократки фустани

Она што е пресудено кај кратките фустани, доколку такви сакате да носите на матурската вечер е изгледот, односно формата на вашите нозе. Значи, кратките фустани можат да ги носат само оние со вити става и тенки нозе. Ако имате низок раст, тогаш кратките фустани се идеални за визуално издолжување на фигурата. А, ако сте високи и притоа слаби, овие фустани одлично ќе ви прилегаат. Корсетните структуи секогаш се добредојдени за потенцирање на елегантното женско тело, а ако фустаните имаат волумен веднаш се добива гламурозна и отмена слика. Изберете бои кои се свежи, материјалот може да има флорални отпечатоци и додатоци како на пример украсни панделки. Чевли никако! Изгледаат грубо на нежни фустани. Сандалите со висока или коносоидна потпетица се идеални.Сето претходно наведено можетеда го видете на следниве фотографии: